Поради патување во Хрватска 24 матуранти мораат во карантин

Две 18-годишни девојки кои се вратиле во италијанскиот град Падову се заразени со коронавирус по летување во Хрватска.

Поради тоа 24 матуранти од покраината Венето мораат да одат во карантин, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Тие матурската ексурзија ја поминале на островот Паг. Сите од одделението кои биле на патувањето ќе мора да се тестираат на Ковид-19.

Двете девојки кои се заразени отишле заедно со врсниците на екскурзија во организација на агенција од Бреша, а во планот биле и излегувања во ноќен клуб, фестивали и други видови забавни активности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега