Поранешен директор ја признал вината: Осуден на 13,5 години затвор поради земање мито

Поранешниот директор на Интерпол Менг Хонгвеј е осуден денеска пред судот во Кина на 13,5 години затвор поради земање мито.

На Менг пресудата му била изрчеена пред судот во Тјанџин, на северот од Кина.

Во март минатата одина, владеачката Комунистичка партија објавила дека до истрагата било утврдено дека Менг трошел огромни износи од државните фондови, ја залоупотребил положбата и одбил да почитува партиски одлуки, потсетува Ројтерс.

Интерпол кон крајот на 2018 година објавил дека Менг поднел оставка на местото на шеф на светската полициска агенција со седиште во Франција, неколку дена откако неговата сопруга пријавила дека исчезнал затоа што отишол во Кина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега