Поранешната директорка на Кожната клиника е на домашно лекување

Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва одговори дека поранешната директорка на Кожната клиника е пуштена на домашно лекување од Клиниката за инфективни болести.

Оваа докторка беше една од првите заболени со коронавирусот во земјата. А од околу 200 лица кои беа во самоизолација бидејќи контактирале со неа цела недела откако таа се вратила од Италија, досега е потврдено дека од неа се заразиле шестмина колеги доктори.

Јавното обвинителство покрена истрага за овој случај спрема поранешната директорка на Кожната клиника.

Клиниката за кожни болести, по две недели застој, од денеска почна да работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега