Поранешниот телохранител на Мијалков избега од домашен притвор

Драганчо Стоименов или познат како Дацо Белски, поранешен телохранител на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, избегал од домашен притвор, дознава Фокус.

-На лицето за кое прашувате судот му одредил мерка куќен притвор, и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за Фокус.

Стоименов, се гони за обид за убиство на Драган Здравев, во кого пукаше додека седел во кафуле во Кочани. По инцидентот осомничениот избега, а потоа самиот се пријави во полиција.

Инаку, му беше телохранител на Мијалков и додека тој беше во притвор редовно присуствуваше на судските рочишта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега