Поранешното момче на брутално убиената Грејс сведочеше пред судот: „И мене ми бараше да ја давам при секс“

Пред десетина дена во Нов Зеланд започна судењето за осомничениот за убиството на 22-годишната Грејс Милејн од Велика Британија.

За убиството бил обвинет 27-годишник, кој наводно ја задавил додека имале сексуални односи. Тој тврди дека нејзината смрт е несреќа која се случила за време на груб секс на кој и двајцата се согласиле.

На судењто се дознало дека Милејн често посетувала страници на кои може да се пронајдат лица кои практикуваат груб секс.

Адвокатот на обвинетиот како сведок го повикал поранешниот партнер на Милејн, кој ја суд потврдил дека и тој ја давел за време на сексуалните односи и игри и дека користеле сигурни зборови и сигнали за да бидат сигурни дека животот никогаш не ѝ е доведен во опасност.

За време на судењето исто така се дознало дека Милејн таа кобна вечер конзумирала голема количина на алкохол и дека поради таа причина при давење за време на секс, може да дојде до застој на срцето.

„Обдукцијата не покажала знаци на борба и лицето покрај неа не можело да биде свесно во каква состојба таа се наоѓа“, рекол патологот Финтан Гараван.

Да потсетиме, Милејн исчезна на почетокот на декември минатата година во Окланда, а нејзиното тело било пронајдено девет денови подоцна во куфер во шума.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега