Пораснала во сиромаштија, па завршила во затвор - ја извлекол рускиот милијардер кој животот ѝ го направил бајка

Елена Перминова живее живот како од бајка, се занимава со манекенство, мажена е за 59-годишниот милијардер Александар Лебедев, има три деца, ужива во луксузни патувања, не внимава колку пари ќе потроши, носи најскапа облека и вози најдобри автомобили. Но, некогаш немала буквално ништо.

И можеби денес живее живот од соништата, но нешто помалку од две децении поминала низ вистински кошмар. Убавата 32-годишна Елена е родена далеку, на ладниот Сибир, а детството го поминала во сиромаштија, толку голема, што чоколадото ѝ било нешто непознато.

Во обид да избега од сиромаштијата, го напуштила домот на родителите на само 16 години, а времето го поминувала со тогашното момче, со кое почнала да се занимава со нелегални работи. Набрзо била фатена на дело додека продавала дрога во еден ноќен клуб, а тогаш започнале проблемите.

Завршила во затвор и ја чекале 6 години затворска казна. Нејзиниот татко тогаш отишол до Лебедеов да го замоли за помош. И на вистина, тој успеал да ја спаси од затворска казна, но и се оженил со неа.

Парот е во брак веќе 14 години, а љубовта ја крунисале со три деца. Во нивниот живот може да ѕирнете преку фотографиите на Инстаграм:

 

 
 
 
View this post on Instagram

 @alexanderlebedev_

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on Jun 4, 2019 at 7:34am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on Aug 5, 2019 at 12:30pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега