Поразот на СДСМ го искоментира и Стојко Пауновски: „Што си посеаја, тоа си ожнеаја“

 

Поразот на СДСМ не остана неискоментиран ниту од Стојко Пауновски, поранешниот директор на Државниот пазарен испекторат.

Во изјава за „Фокус, поразот на владејачката СДСМ го искоментирал со поговорката „ Што си посеаја, тоа си ожнеаја“.

Инаку, Пауновски беше разрешен од својата функција порати тоа што одби да прими 35 „рамковни“ административци во ПИ поради несоодветно образование.

Но, како што пишуваат од „Фокус“, Пауновски откако одбил да ги прими „рамковните“, премиерот Заев му порача дека „пркос не е дозволен“ и затоа беше разрешен на владината седница.

03.11.2021 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега