Порнографската група „Јавна соба“ се пресели на светски познат порно сајт - објавени фотографии од Македонки

Групата „Јавна соба“ која по наредба на МВР беше затворена, а фотографиите избришани,од пред две недели повторно е активна, но овојпат на еден светски порно сајт, пренесува „Пулсинфо“.

 Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.

Според информациите со коишто располага Плусинфо, станува збор за истите фотографии кои неодамна беа објавени во групата „Јавна соба“ на Телеграм, а кои беа избришани по интервенција на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Меѓу експлицитните фотографии објавени се и телефонски броеви од многу девојки, како и од нивните профили на Фејсбук и на Инстаграм, а не се ретки ниту принтскриновите од интимните фотографии кои тие им ги праќале на своите момчиња во приватни пораки. Огромен дел од фотографиите им припаѓаат на малолетни девојки, а не се поштедени ниту познатите јавни личности.

Освен фолдерот со голи девојки, постои уште еден фолдер во кој објавувачот се шегува со полицијата со тоа што ги објавил СМС пораките преку кои МВР го повикува да се јави во Полициска станица Ѓорче Петров за да даде изјава поради неговото членство во групата „Јавна соба“ на Телеграм. Во истиот тој фолдер, објавени се и неколку фотографии направени од телевизиски екран, а на кои се гледа како телевизиите во Македонија известуваат за порнографската група.

За потсетување, МВР минатиот месец испрати барање до сопственикот на Телеграм, чие седиште е во Велика Британија, со цел да се затвори порнографската група „Јавна соба“ која броеше над 7.000 членови. Полицијата успеа да идентификува еден од креаторите и еден од модераторите на групата, а како што истакнаа оттаму, и двајцата се возрасни лица од Скопје.

Од поталот наведуваат дека за сега не е познато како порнографската група „Јавна соба“ од Телеграм овојпат заврши на светски познат порно сајт, но велат дека случајот е пријавен во полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега