Пошта на Северна Македонија: Не се отвораат нови работни места

Не станува збор за отворање на нови работни места и дополнителни финансиски трошоци на компанијата, бидејќи во моментов овие позиции ги извршуваат лица на кои им истекуваат договорите за вработување, а кои досега беа склучувани на определено работно време, реагира „Пошта“ на изнесените ставови на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција во врска со огласот на компанијата во кој се бараат 280 поштари.

– Со цел непречено овозможување на услугите, особено земајќи предвид дека А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ е давател на универзална поштенска услуга во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, како и дополнителна транспарентност и отвореност, компанијата за овие позиции распишува јавен оглас за работна позиција – пошторазнесувачи, на неопределено работно време, кој е отворен за секој заинтересиран граѓанин. Ја разбираме потребата на опозицијата за собирање на дневно-политички поени, но сметаме дека е крајно некоректно на удар на лаги и неточни информации да бидат изложувани поштарите кои несебично, пожртвувано и целосно изложени на ризиците кои со себе ги носи Ковид-19 вирусот, сиве овие месеци чесно ја заработуваат својата егзистенција изложувајќи го на опасност своето и здравјето на нивните најблиски – велат од Пошта.

Оттаму додаваат и дека огласот првично е распишан во февруари 2020 година, но не е реализиран, следејќи ги насоките и препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заради почитување на законските прописи, како и избегнување на било какво влијание во рамки на изборниот процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега