Поскапе лебот

Белиот и полубелиот леб поскапе за 10 до 15%.

Според мелничарите поскапувањето се должи на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.

 

„Последиците на покачувањето се зголемените цени на суровините, поготово на пченицата во изминатите 45-50 дена на светските берзи со што автоматски се зголемени цените на брашното, како во светот, така и во регионот. Тоа е една од причините што се зголемија за 10-ина проценти, затоа што во меѓувреме тие цени се намалуваат пред жетвата, се надевам ќе се стабилизираат и затоа компаниите така одлучиле“ – посочи Горан Малишиќ, претседател на Групација за мелничко-пекарска индустрија.

 

13.06.2024 - 17:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега