После 102 дена без новозаразени, во Нов Зеланд регистрирани 4 нови случаи на коронавирусот- земјата повторно воведува рестрикции

Во Нов Зеланд се стравува од нов бран на коронавирусот откако 102 дена поминаа без новозаразени, забележани се четри нови случаи. Властите се обидуваат да утврдат како дошло до тоа.

Откако беше утврдено дека четворица членови на едно семејство во Окланд се заразени со коронавирус, властите повторно воведоа рестриктивни мерки низ целата земја, објави Ројтерс. Ова предизвика збунетост кај надлежните, бидејќи тврдат дека во земјата локален пренос на вирусот немало цели 102 дена.

„Ние се обидуваме да ги составиме сите парчиња од сложувалката за да утврдиме како се заразило ова семејство“, рече Ешли Блумфилд од Министерството за здравство.

Официјални претставници на Нов Зеланд испитуваат дали првите случаи на коронавирус по повеќе од три месеци се резултат на вирус кој пристигнал на увезени пакувања замрзната храна.

„Знаеме дека вирусот може да преживее дури и во околина каде што температурите се пониски“, потсети Блумфилд.

Инфицираниот работник веднаш бил испратен на боледување, а неговите колеги биле тестирани за коронавирус. Всушност, тестирани се 200 лица за кои се претпоставуваше дека биле во контакт со заразено семејство. Додатно десетици илјади луѓе ќе бидат тестирани во наредните денови.

Поради горенаведеното, од жителите на Окланд, 1,7 милиони од нив, се бара да не ги напуштат своите домови, освен кога тоа е потребно и да ги одложат планираните патувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега