После кафе морате да одите во тоалет - истражувачите открија зошто е тоа така

Многу луѓе откако ќе испијат кафе веднаш одат во тоалет.

Додека едни веруваат дека станува збор за природа, други се плашат дека е некој здравствен проблем.

Научниците од Универзитетот во Тексас спровеле истражување токму на оваа тема.

Тие за време на своето истражување три дена на глувци им давале кафе која покренала движење во мускулите на цревата и тоа независно од дозата на кофеинот.

„На глувците после три дена конзумирање кафе им се зголеми активноста на мускулите на тенкото црево. Тоа значи дека глувците, исто како и луѓето, после кафе мораа да вршат голема нужда. Дури и бројот на бактерии во нивниот измет се намалил. Интересно е што овие ефекти се независни од кофеинот, затоа што слично на нивниот метаболизам делувало и безкофеинското кафе“„, рекол авторот на студиите Шуан Женг Ши за вритански „Мирор“.

Се претпоставува дека за ласкативното делување на кафето залужни се неговите кисели својства. Докажано е дека нивото на желудечна киселина, која настанува благодарение на клорогената киселина во кафето, го агтивира дигестивниот систем.

Значи, следниот пат кога кафето ќе ве натера да извршите нужда, знајте дека е до него и дека се е во ред со вашето здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега