После три месеци вирусот почна повторно да се шири- во Нов Зеланд регистрирани уште 12 новозаболени

После три месеци без ниту еден новозаболен, во Нов Зеланд коронавирусот повторно се шири, а во наредните неколку дена се очекува и премиерката да соопшти дали ќе има одлука за введување за нови вонредни мерки.

Надлежните денеска пријавија уште 12 нови случаисо коронавирусот, кои се поврзани со ист извор откриен пред два дена, а меѓу нив е и семејство од Окланд.

Премиерот Ардерн инсистира на нејзината тактика за ран и силен одговор на појавата на вирусот, а денес треба да и соопшти на јавноста на Нов Зеланд дали ќе биде продолжена вонредната состојба во Окланд.

Во јавноста се зголемува стравот дека продолжувањето на вонредната состојба може дополнително да ја оштети оштетената домашна економија.

Висок функционер на здравствениот сектор во Нов Зеланд, Ешли Блумфилд, оцени дека индикаторите во врска со новото жариште во Оукланд се охрабрувачки, додаде дека властите имаат информации за инфекции во уште две области, кои допрва треба да бидат истражени.

Министерот за здравство на Нов Зеланд, Крис Хипкинс, рече дека со тестирање на геномот на најновиот вирус, утврдено е дека пристигнал од Велика Британија или Австралија, но дека допрва треба да се утврди како стигнал до заразеното семејство од Окленд.

Тој ги отфрли шпекулациите на некои експерти дека вирусот „тивко се шири во Оукленд со недели“, велејќи дека постојат сигурни докази дека претпоставката не е вистина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа