„Последен пат го видов со ранец на грбот“ - Соседот на Гру откри што правел пред да почине

Раперот Далибор Андонов Гру почина на 9 септември во Земун откако возел кајт, по што се удави во силно невреме.

Во разговор за „Ало“, негов сосед последен пат го видел со ранец на грбот и со мотор како тргнува за Земун.

- „Многу добар човек. Мојот внук и синот на Гру секогаш заедно се возеа на велосипеди. За смртта на Гру ме извести еден инспектор, пријател бидејќи знае дека сум му сосед. Не му верував, мислев дека е некоја шега, но тој ми кажа дека има официјален извештај. Заминав кај неговиот татко кој работеше во гаражата и го прашав: „Соседе каде е Гру?“, а тој ми одговори: „Имаше телефонски повик и замина горе во куќата. Потоа слушнав лелекање. Не ми беше добро. Му се јавив да го прашам, таткото не веруваше, мислеше дека е некоја шега“  вели соседот.

Погребот ќе биде во четврток во 14 часот и 30 минути.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега