Потера по крадец на тротинет- Ограбил златара во Франција и побегнал со плен вреден два милиони евра

Во вооружениот грабеж на златара во центарот на Париз, денес беше украден накит вреден два милиони евра.

Продавницата за накит „Шоме“ во близина на Авенијата Шанзелизе (Елисејските полиња) денес беше мета на вооружен разбојник кој одзел стока вредна скоро два милиони евра, објави обвинителството во Париз

„Ле Паризиен“ објави дека вооружен разбојник, кој го украл накитот од една од најстарите златарници во Франција, по грабежот избегал со  тротинет, но повеќе детали засега не се познати.

27.07.2021 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега