Потрагата по педофилот во Германија сè уште трае - го бараат стотици полицајци

Продолжува потрагата по педофилот Ив Етиен Рауш (31) во Германија. Бездомникот кого медиумите го нарекоа германски Рамбо избега од полицијата со лак и стрела и се крие во шумата, а стотици полицајци го бараат речиси 48 часа.

Полицијата во Офенбург во југозападна Германија соопшти дека полицајците се пробиваат низ недостапен терен со поддршка на кучиња за пребарување и хеликоптери.

Драмата почнала кога полицијата го запрела Раушев заради проверка. Тој прво соработувал со полицијата, а потоа одеднаш извадил пиштол, им се заканил и ги натерал да го предадат оружјето. Тој разоружал дури четворица полицајци.

Потоа, вооружен со нивното оружје и со лак и стрела, тој побегнал во шумата, каде што веројатно сè уште се крие.

Германската полиција наскоро го објави идентитетот на бегалецот, кој според германските медиуми е обвинет за педофилија и обид за убиство. Се тврди дека во 2010 година Ив сериозно ја ранил својата тогашна девојка со стрела по расправија. Тој е исто така осомничен за собирање и дистрибуција на детска порнографија.

„Веруваме дека станува збор за многу опасен човек и ги замолуваме луѓето да не примаат стопери во нивните возила и, доколку е можно, да не ги напуштат своите домови сè додека не го фатиме бегалецот“, соопшти полицијата.

Полицијата верува дека Ив успешно се крие во шумата затоа што тој многу добро го познава теренот. Тој, наводно, живеел во една од колибите длабоко во шумата. Според неофицијални информации, тој дошол во судир со полицијата поради нелегално поседување оружје. Пронајдена е голема количина оружје во последниот стан во кој живеел. Тој, наводно, го напуштил станот затоа што веќе не можел да ја плати киријата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега