Потврден првиот случај на припадник на КФОР заразен од Ковид-19

 

Меѓународната воена мисија предводена од НАТО во Косово, КФОР, денеска објавија дека е потврден првиот случај на нивен припадник заразен од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на КФОР што го пренесоа косовските медиуми, се наведува дека меѓународните сили ќе продолжат да ја извршуваат мисијата во Косово за која го имаат мандатот од Обединетите нации, „со цел да придонесат за зачувување на мирен и безбеден амбиент и на слободно движење за доброто на сите заедници во Косово“.

-КФОР презема и превентивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 во Косово, следејќи ги насоките и упатствата на Светската здравствена организација. КФОР исто така ќе продолжи со следење на ситуацијата, во тесна соработка со институциите на Косово и меѓународната заедница, со цел да овозможи сигурност за сопствениот персонал и за народот на Косово, се вели во соопштението на меѓународната воена мисија во Косово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега