Потврдено: Уште еден фудбалер заразен со коронавирус

Мануеле Габијадини е позитивен на Ковид-19, соопшти фудбалскиот клуб Сампдорија. Тој е втор фудбалер кај кого е дијагностициран вирусот по стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани.

– Тој има мала треска, но добро се чувствува. Ги презедовме сите активности за негова изолација, наведе калчолигашот од Џенова.

Габијадини е стрелец на седум гола за Сампдорија во оваа сезона. Во кариерата претходно играше и за Наполи, за Болоња и за Саутемптон.

Натпреварите во Серија А се суспендирани најмалку до 3 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2020 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега