Повеќе измени и дополнувања на закони од областа на безбедноста на собраниска комисија

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност на која на дневен ред се повеќе измени и дополнувања на закони од областа на безбедноста.

Пратениците ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за следење на комуникациите, на  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, измените на Законот за оружјето, на Законот за приватно обезбедување, на Законот за полиција, на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. На дневен ред се и измените на Законот за гранична контрола, измените и дополнувањата на Законот за странци, на Законот за прометот на експлозивни материи, измените на Законот за заштита од експлозивни материи, на Законот за државјанството на Република Македонија, на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како и на Законот за детективска дејност, сите во прво читање. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега