Повеќе Комисии со седници во македонското Собрание

 

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура и туризам, за социјална политика, демографија и млади, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно правната комисија и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка е единствената точка по која ќе се расправа на седницата на Комисија за култура и туризам.

Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади на седницата ќе дискутираат по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка. 

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во второ читање е на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Законодавно правна комисија денеска ќе одржи две седници, на кои пратениците ќе расправаат по предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, на Законот за средното образование и на Законот за високото образование, сите во второ читање, како и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, во прво читање. На дневниот ред се и Предлог на закон за изменување на Законот за културата и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка. 
 
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневниот ред го има Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството, во второ читање, со поднесени амандамни по кои треба да се дискутира, како и Предлог на закон за изменување на Законот за фитофармација.

29.05.2025 - 08:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега