Повеќе од 100.000 мртви во светот, речиси 70 % во Европа

Во светот од коронавирус, според најновите податоци, починаа 100.261 човек.

Скоро 70 отсто смртни случаи од вкупниот број регистрирани се во Европа, односно 68.801.

По бројот на случаи на заразени најмногу се погодени Соединетите Американски Држави со речиси 500.000 случаи, односно 478.159.

Најмногу смртни случаи забележани се во Италија – досега вкупно 18.849. Во последните 24 часа починаа 570 лица во оваа држава.

Италијанците бележат благ раст на новозаразени со 1.396 во однос на вчерашните 1.195.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега