Повеќе од 1,5 милион вакцинирани во Србија, ревакцинирани над 500.000 луѓе

Во Србија, според последните владини податоци, досега се дадени 1.535.274 вакцини против коронавирус, а втора доза добиле 534.751 лице.

Србија е убедливо прва во регионот според бројот на вакцини на милион жители, по што следуваат Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Србија е на прво место во регионот според бројот на граѓани кои ја примиле втора доза вакцина на милион жители.

Според вкупниот број вакцини и ревакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.

Кога станува збор за бројот на вакцинации на милион жители, Србија е на седмото место во светот – по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Малдивите.

Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.

Кога станува збор за бројот на оние кои ја примиле втората доза на вакцина на милион жители, Србија е прва во Европа и петта во светот, по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати и САД.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега