Повеќе од 200 лица се вратиле во Македонија, а 162 ја напуштиле, МВР со детален извештај за изминатите 24 часа

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејзсбук профил објави извештај за состојбата во Македонија во изминатите 24 часа.

„Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие:

На територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

Во државен карантин се спроведени 209 лица, вратени од странски земји.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, а опоменати се 37 лица.

 Вкупно 162 државјани на РМ ја напуштиле државата и потпишале изјава дека државата не им гарантира навремено враќање во државата.

 Министерството за внатрешни работи контиуирано презема активности за заштита на здравјето и животот на граѓаните.

Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките и одлуките на владата“ напиша Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега