Повеќе од пациентите кои починале од Ковид-19 во Македонија имале претходно заболување - најчесто оваа болест

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 19.09.2021 година, од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.265), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.210,5/100.000 жители.

„Регистрирани се 3.908 смртни случаи кај лица од машки и 2.564 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 4.783 (73,9% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.869), дијабет (n=1.610) и белодробна болест (n=718)“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници.

23.09.2021 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега