Повеќе оздравени од новозаболени: Излечени 587 пациенти од ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, при регистрирани се 356 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 587 пациенти, додека починаа 15 лица.

 Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од: Скопје-426, Куманово-18, Тетово-7, Прилеп-12, Гостивар-14, Штип-8, Битола-11, Велес-13, Струмица-13, Кавадарци-19, Кочани-6, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-2, Неготино-2, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Берово-3, Пробиштип-5, Валандово-1, Богданци-2, Кратово-1 и Пехчево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89817, бројката на оздравени пациенти е 75387, на починати е 2754, а бројот на активни случаи изнесува 11676. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега