Повик: ВМРО-ДПМНЕ избира нов претседател на Унијата на млади сили

 

ВМРО-ДПМНЕ денес во дневните печатени медиуми објави оглас за избор на нов претседател на Унијата на млади сили.

Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на јавен оглас за Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот на досегашниот претседател, Владимир Нелоски е истечен.

-Целта на објавувањето на огласот и изборот на нов претседател на Унијата на млади сили е да промовираме нови политики, нови младински политики со што дополнително ќе се доближиме и ќе овозможиме подобар живот за младите луѓе.  Но, истовремено и ќе упатиме остра критика и ќе бидеме коректор на сите оние штетни политики што оваа власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и води особено во делот на младите изјави Игор Јанушев, Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Огласот за избор на нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ трае до 08.03.2018 години, каде што заинтересираните членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ можат да ги достават своите програми и биографии до седиштето на партијата секој работен ден.

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани, стои во огласот на партијата.

 

 

 

24.02.2018 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа