Повреден маж во Скопје: Силниот ветер ја откачил капијата и паднала врз него

 

Во невремето кое вчера го зафати Скопје, маж бил повреден и пренесен во болница, откако маж од Шишево излегол да ја затвори металната капија која во еден момент се откачила и паднала врз него.

„На 08.08.2020 во 22,00 часот во Полициското одделение  Сарај било пријавено дека во с. Шишево во дворот од семејната куќа за време на силниот ветер и врнежите  од дожд Ј.С. (53), излегол да ја затвори металната капија која во еден момент се откачила и паднала врз него, при што  Ј.С се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Аџибадем Систина“известуваат од полиција.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега