Повредените деца во автобуската несреќа во Бугарија ќе одат на нови операции

 

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, се уште се во тешка состојба, но нивните животи не се загрозени.

Оваа информација за бугарските медиуми ја потврдил директорот на оваа здравствена установа, Валентин Димитров.

Децата се уште се во тешка состојба, моментално се на одделението за интензивна нега и екипите на „Пирогова“ ги спроведуваат сите протоколи неопходни за одржување на нивната состојба, изјавил за новинарите извршниот директор на болницата Валентин Димитров, пренесува „БТА“.

„Нема директна опасност по животот на децата, но нивната состојба не е лесна. Имаме организација, сите тимови, детска трауматологија, неврохирургија, кардиологија, се подготвени да бидат достапни доколку има потреба. Сите структури од Пирогово се достапни, така што имаме целосна соработка со Министерството за здравство и со целата држава. Во моментов не ни треба ништо конкретно“, рекол Димитров и посочил дека единствено што е потребно во моментов е време.

Двете деца кои беа тешко повредени во Бугарија, во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во саботата вечерта, вчера се пренесени од болницата во Стара Загора во болницата во Софија.

По долга операција, едно дете вчера помирно ја поминало ноќта, а утрово лекарите ќе му направат уште две операции кои се неопходни за подобрување на неговата состојба.

Димитров не прецизирал точно кои операции ќе бидат направени, бидејќи, како што навел, прво треба медицински да ја проценат состојбата на децата од страна на детските трауматолошки екипи.

Осум деца и четворица возрасни се повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, кога автобус од Србија, кој превезувал деца и возрасни на фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, се превртел на автопатот Тракија.

16.08.2022 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега