„Повторно би убил, така сум истрениран“ - Србин од затвор со својата изјава ги згрози сите

Ако повторно се укаже потреба, повторно би убил. Кога сум нападнат, јас реагирам, така сум истрениран за време на служењето војска во Унгарија. Научен сум да се бранам себе и по цена на живот. Некогаш е можно да се избегне штета - ова се зборовите на Норберт Фехер, кој по регионот е познат како Игор Србин или Игор Вацлавиќ, додека зборува за свирепите злосторства кои ги направил во едно интервју за весникот „Либеро“. Убиецот со 18 идентитети, за кој трагаше цела Европа, ги повторил тврдењата кои веќе ги кажал, говорејќи дека му се „препишуваат дела кои не ги направил“.

-Тие ми препишуваат убиства и кражби кои апсолутно не сум ги направил - рекол Игор.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Игор говорејќи на течен италијански преку видео-линк од затвор во Шпанија, раскажал како доаѓало до стравични злосторства. Облечен во фармерки, бела кошула и елек, избричен, два часа самоуверено ја изнесувал својата одбрана.

-Морав тоа да го направам. Пукав во Раваљиј затоа што имаше пиштол. Потоа пукав и во Вериј без да видам дали е вооружен, бидејќи за мене двајцата беа полицајци и морав да ги „соборам“ - раскажал Игор.

Игор Вацлавиќ, државјанин на Србија е уапсен во Шпанија во декември 2017 година, Упасен бил после пукање во кои три лица биле убиени, меѓу кои и двајца припадници на шпанската Цивилна гарда.

Тој е еден од најбараните Срби кои во март оваа година во Италија е осуден на доживотен затвор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега