Повторно поскапување - РКЕ ги соопшти новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

По минатонеделното поскапување, оваа недела цените на бензините повторно се зголемија за 1,5 односно 1 денар.

Oд вечерва на полноќ малопродажната ценi ќе бидат следните: ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 ден/лит и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг и ќе изнесува 24,886 ден/кг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега