Повторно закана од катастрофални полави во Србија: Вонредна состојба во седум општини

Поради растот на водостојот и поплавите, вонредна состојба е прогласена во седум општини во Србија, каде под вода се 500 домаќинства, 48 луѓе се евакуирани, додека едно лице е спасено.

Состојбата е најкритична во Љубовија и Гуча, бидејќи во раните утрински часови имало силно дождови

Кризен штаб за вонредни ситуации во Обреновац

Денес ќе заседава кризниот штаб за вонредни ситуации во Обреновац поради кревање на водостојот на реката Колубара и заканите за излевање, потврдил претседателот на таа општина, Мирослави Чучковиќ.

Чучковиќ на социјалните мрежи објавил дека ситуацијата е засега мирна иако, и дека иако водостојот на Колубара е зголемен, сепак, не постои можност од излевање.

Извештај за состојбата на реките: Водостојот на реката Тамнава од насока на Коцељева е без закана да се излее. Водостојот на реката Колубара во Велики Црљени на влез од насока на Ваљево е без закана да се излее. Водостојот на реката Колубара низ Обреновац во Бело поле исто така е без опасност.

Обилни врнежи и денес

Републичкиот хидрометеоролошки завод "РХМЗ" на својот сајт издал предупредување и за денес кое се однесува на обилните дождови кои се закануваат на јужните и централните делови, во кои, како што се наведува, се очекуваат 40 мм дожд за 24 часа.

Денес до 12 часот на сила е хидролошко предупредување, а тоа, меѓу другото, се однесува на реката Колубара, која е во група со останатите, на кои водостојот ќе им биде со поголем пораст, и тоа со надминување на нивото за предупредување.

Големите дождови кои довеле до излевања и раст на водостојот на многу реки во Србија се последица на циклонот кој и денес ќе донесе дождови и грмотевици во поголем дел од Србија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа