Позајмил 100 евра, а барал да му се вратат 2.000 - уапсен велешанец

Во попладневните часови на 28 април на улицата „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот велешанец А.С, поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Тој бил уапсен при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на лихварот, при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2021 - 11:52
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега