Пожар избувнал на инфектологија - интервенирала противпожарната единица

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера избувнал пожар во Клиниката за инфектологија во Скопје.

- Вчера попладнето, во 18:45 часот во СВР Скопје било приајвено дека настанал пожар во Клиниката за инфектологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.За настанот е запознаен јавен обвинител - соопшти МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега