Пожар во бараки во Скопје – едната целосно изгорена

Пожар во бараки се случил вчера изутрина во Скопје. Едната целосно изгорела.

-Вчера во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во барака на ул„Руѓер Бошковиќ“. Во пожарот една барака целосно изгорела, а уште една барака била делумно зафатена. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, велат од полицијата.

 Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2021 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа