Пожар во царински скалд во Скопје - двајца вработени завршија во болница

Две лица биле пренесени во болница, откако избувнал пожар во јавен царински склад, информира МВР.

- На 23.02.2021 во 08:30 часот во СВР Скопје од Противпожарната единица од Скопје било пријавено дека во јавен царински склад на ул.„Јадранска магистрала“, сопственост на А.М.(41) од Скопје настанал пожар, при што била опожарена една комора. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а вработените Р.М.(47) и Џ.М.(27), двајцата од Скопје, поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега