Пожар во куќа во Скопје

Пожар избувнал во куќа во Скопје рано изутрината.

-Изутрината во 05.50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Хо Ши Мин“, настанал пожар во куќа сопственост на Е.Х.(56). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Според пријавеното, од пожарот со помали изгореници се здобил сопственикот, кој бил во куќата заедно со неговата сопруга, додека се обидувал да го изгасне огнот. Од пожарот зафатена била и кровната конструкција на соседната куќа, сопственост на С.Б, велат од полицијата.

Ќе се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега