Пожар во куќа во Скопје - Остана само пепел

Во 21 часот и 10 минути вчера, во Полициската станица Чаир било пријавено дека настанал пожар во напуштена куќа на улицата „Марко Крале“ во Скопје.

Куќата целосно изгорела, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Ќе се врши увид на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега