Пожар во село Петровец: Десет семејства останаа без покрив над главата

Десет семејства во Петровец останаа без своите огништа, нивните куќи изгореле до темел. Додека чекале да пристигнат пожраникарите, изгорело сè што имале, пренесува ТВ21.

Семејствата гледале како им горат собите и се обидувале да спасат некои од предметите што ги имале таму. Останале без облека, а сега седат покрај куќите и гледаат во тоа што останало од нив.

„Брзо ги спасивме децата. Излеговме надвор, немаме каде да седиме. Седиме надвор на дожд, овде беа бараките, бевме 10 семејства. Децата ми ги земаа соседите, таму се на дожд“, вели Виолета Буцолај, жителка.

Пожарот е предизвикан од мало дете, кое си играло со запалка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега