Пожарникар повреден при гаснење пожар кај село Бразда
48-годишен пожарникар од скопското село Средно Коњаре паднал од четирицикл и се повредил додека гаснел пожар на местото викано „Жејковац“ во атар на село Бразда.
Инцидентот бил пријавен вчера во 10.10 часот во СВР Скопје, а повредениот Б.И. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл.
„Според пријавеното, додека се превезувал со четрицикл, управуван од волонтер, од една на друга локација со цел преземање на мерки за гасење на пожарот, паднал и се здобил со повредите, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош“, информираат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа