Пожарот кај село Фурка се интензивира - побарано е хеликоптерска интервенција

Пожарот кај с.Фурка  помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен  интензитет; информираат од ЦУК.

„Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат  Богданци - Дојран  во ширина од 300 до 400м. Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума. Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање  за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија. На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе попладне отиде кон Општина Богданци и дејствуваше по пожарот на неспристапните места“, изјавија надлежните служби на ЦУК. 

На терен се повеќе ангажирани сили и служби.  

 

07.08.2022 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега