Пожолтена бела маица од пот исчистете со еден трик - ги отстранува дамките за кратко време

Дамките од пот на облеката многу пати нѐ натерале да се откажеме од омилената маица, кошула или фустан. За да им го вратите стариот сјај на алиштата и да ги спасите од фрлање, применете ги овие неколку супер трикови, со помош на неочекувани производи за домаќинството, кои ефикасно ги елиминираат трагите од пот и не ја оштетуваат ткаенината.

1. Сок од лимон

Помешајте еднаква количина свежо исцеден лимонов сок и вода. Со мешавината натопете ги дамките од пот и добро истријте ја површината. После тоа облеката исперете ја стандардно со прашок.

2. Аспирин

Иситнете 2 Аспирина и измешајте ги со шолја топла вода. Прелијте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 3 часа, а потоа исперете.

3. Сода бикарбона

Сода бикарбоната помешајте ја со малку вода, додека не добиете смеса како тесто. Во тенок слој намачкајте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 1 час. Исперете во машина за перење на стандарден начин.

4. Кујнска сол

Солта помешајте ја со топла вода, измешајте додека не се растопи и нанесете врз дамките пред да исперете.

5. Бел оцет

Директно на дамката нанесете оцет и оставете да делува неколку минути, а потоа исперете.

Совет: Ниедна од наведените состојки за отстранување на дамките не треба да се користи на нежни материјали. Доколку после првиот обид, дамката не излегува, во целост повторете ја постапката додека добиете не чисто парче облека без жолти дамки од пот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега