Познат е мотивот за масакрот во болница во Чешка- напаѓачот бил градежен инжинер

Човекот кој изврши масакр во Чешка е градежниот инженер Цтирада В. (42). 

Тој уби шест луѓе утрово во универзитетска болница во градот Острава.

„Си замисли дека е сериозно болен и никој не сакаше да го лекува. Тој бил во сите болници, кај сите лекари. Минатиот месец, поради ова, тој воопшто не дојде на работа. Дојде пред 14 дена и рече дека е на боледување. Не сакам повеќе да зборувам за тоа“, изјави неговиот соработник Зигула.

Директорот на болницата Јиржи Хавралант раскажа дека напаѓачот бил во чекалната околу седум часот наутро, како и сите други пациенти, но потоа одеднаш почнал да пука без причина. Пукал во девет луѓе, од кои шест починале. Од тројцата повредени, двајца се стабилни по операцијата, а лекарите сè уште се борат за еден живот.

Пукањето е пријавено нешто по 7 часот, а пет минути подоцна првите полициски возила стигнале на местото на настанот. Човекот отворил оган со кратко огнено оружје за кое наводно немал дозвола, а директорот на болницата потврдил дека сите убиени биле пациенти. Премиерот Андреј Бабиш изјави дека пукал одблизу и ги погодил жртвите во главата и вратот.

Напаѓачот потоа избегал во сиво Рено Лагуна и болницата е евакуирана. Полицијата ја објави наводната фотографија на Твитер, но брзо ја повлекоа бидејќи станува збор за сведок, а не за напаѓачот.

По едночасовна потера, полицијата го лоцирала автомобилот и го опколила околу 10:30 часот. Пред да одговори, 42-годишникот се застрелал во главата и останал мртов на самото место, информираше полицијата на Твитер.

 

Чешката полиција презема засилени безбедносни мерки за да обезбеди дел од објектите кои можат да бидат цел на напади, посебно пред претстојните Божикни празници.

Засилено е и полициското обезбедување во Прага. 

Пукањето во болницата во Острава е втор ваков напад кој се случил во Чешка. Во февруари 2015 година маж упаднал во ресторан во градот Ухерски брод, убил осум луѓе, а потоа се самоубил. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега