Познат српски музичар за силување на младите актерки: „Една вечер со мене и ќе ги отворите сите врати “

Популарниот музичар Ѓорѓе Давид припаѓаше на првата генерација студенти кои беа водени во актерството од Мирослав Мика Алексиќ, професор и дирекото на училиштето за глума кој сега е обвинет за силување и злоставување од пет девојки.

Иако времињата се променија, а лошата практика на традиционалното школување, во кое понижувањето и навредите беа вообичаени, беше заменето со многу посовремени методи, Ѓорѓе вели дека на огромното мнозинство на одлични актери не им пречеле „методите на Мика“.

Дури и денес, Ѓорѓе не крие дека Мика за него била фигура на татко и дека многу работи во неговиот карактер биле засновани на воспитанието што го добил на часовите на Мика.

Сепак, сите овие тврдења  паѓаат во вода, по сите шокантни изјави на жртвите на Мика.

Ѓорѓе во емисијата „Пулсот на Србија“, осврнувајќи се на фактот дека во светот на актерството,вели дека сосема е познат фактот дека улогите доаѓаат„ преку креветот“.

- Сега можам да набројам најмалку пет актерки од моето опкружување кои со име и презиме рекоа дали некој спонзор, режисер, директор на фотографија, продуцент, уредник, отворено им кажал – „една вечер со мене и ќе ги отворите сите врати“. Тоа беше и кога имав 18 години, во актерската дејност тоа е нешто што се случува постојано – отворено рече Ѓорѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега