Позната манекенка го убила својот сопруг: Донел дома девојка која ја запознал во бар, па ја натерал да готви за нив

Руската манекенка која се прослави на насловната страница на „Вог“ Лила Судакова (26) е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг Сергеј Попов (28) откако тој донел дома непозната девојка која ја запознал во еден бар и побарал од неговата сопруга да готви за нив. Доколку Лила биде осудена за убиство, може да оди во затвор 15 години.

Нејзината мајка Ирена Судакова (48) вели дека манекенката е жртва на семејно насилство веќе подолго време и дека сè било самоодбрана.Откако го прободела со нож, Судакова веднаш повикала брза помош и Попов бил бргу пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.

Таа призна дека со нож го прободела сопругот, со кого била заедно четири години, а во почетокот рекла дека тоа се случило од љубомора бидејќи тој флертувал со друга жена, пренесуваат руските медиуми.

Мајката на осомничената додаде дека пијан Попов донел дома жена што ја запознал во еден бар и очекувал Суданова да им зготви вечера.

Тој силно и ја влечеше косата и ја удрираше во нозете и вели дека тоа може да го потврди и очевидец кој бил во куќата.

- Тој се тргна од неа, но се врати додека таа сечеше зеленчук за салатата. Ја влечеше за коса и додека таа се обидуваше да се одбрани, случајно го прободела со нож. Ќерка ми се тресеше. Лила е жртва тука, ова беше самоодбрана - рекла нејзината мајка Ирена.

- Тоа беше толку болна љубов. Сето тоа беше несреќен случај - додаде таа.

Ирена рече дека Попов ја тепал Лила и претходно кога бил пијан.

Таа додаде дека нејзиниот зет бил паметен, дека тој ги маѓепса сите со својот ум и дека тој е компјутерски генијалец, но дека тој е алкохоличар и арогантен сноб, а и самата беше присутна додека ја тепаше Лили.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега