Позната причината за смртта на Емилијано Сала

Во петокот беше идентификувано телото на Емилијано Сала кое беше пронајдено во авион две недели по неговото исчезнување.

Фудбалерот неколку дена пред смртта потпиша договор и трансфер со англискиот клуб Кардиф.

Три дена по идентификацијата на телото истражувачите ја открија причината за смртта на 28 годишниот фудбалер.

Имено смртта настанала по повреди на главата и белите дробови, а Сала е идентификуван по отпечатоци од прстите.

Телото беше пронајдено во авионот кој се сруши во каналот Ла Манш, а пилотот Давид Ибботсон се уште не е пронајден.

Сала за Кардиф потпиша договор вреден 17 милиони евра, а замина од Нант каде играше три години.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега