Позната причината за загаденоста на воздухот од вчера

 

Висока загаденост на воздухот е забележана од вчера во Скопје и во повеќе градови во земјава.

Пустински ветер е причина за загадениот возух во целата земја, соопшти Министерството за животна средина и птосторно планирање. Оттаму додаваат дека среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките вчера биле благо надминати на речиси сите мерни места, освен на мерното местпо во Гевгелија.

„ При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови. Од таа причина забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови мена надминувања.

Во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци известуваме дека е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни“ објаснуваат од министерството.

Исто така, дополнуваат дека во тек е консултација со Државниот инспекторат за животна средина за проверка на евентуално други можни извори на загадување.

23.06.2021 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега