Познати идентитетите на починатиот и повредениот во несреќата во лифт во штипски хотел

Едно лице го загуби животот, а друго е повредено откако се здобиле со повреди при извршување работни задачи во хотел во Штип.

Од МВР денеска информираат дека во 16:24 часот во штипската полиција е пријавено дека во хотел, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип.

-Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Дел од медиумите пренесоа дека лицата биле работно ангажирани како келнери во хотелот, а за време на несреќата, која неофицијално се случила во лифт, се одржувала прослава.

19.05.2024 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега