Познати кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје и неколку скопски општини
ВМРО-ДПМНЕ утврди неколку имиња за кандидати за градоначалници кои ќе треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет во недела.
Извори од партијата за Пресс24 брифираат дека кандидатите кои се веќе утврдени се Данела Арсовска, претседателката на Сојуз на стопански комори за Град Скопје, Орце Георгиевски, поранешен член на ИК и актуелен советник за Кисела Вода, Бобан Стевковски, поранешен претседател на Унија на млади сили за Гази Баба, Наташа Котлар, историчар за Центар, Дејан Митревски за Аеродром и д-р Александар Стојковски за Ѓорче Петров.
13.08.2021 - 19:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа