Познати се имињата на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба, Карпош, Лозово, Пехчево и Зрновци

 

На Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесени биле одлуки за повеќе кандидати за градоначалници. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски обелодени дека кандидат за градоначалник ќе биде Орце Ѓорѓиевски, но ги кажа и имињата за пет други општини.

-Кандидати за градоначалници се: за Гази Баба актуелниот градоначалник Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски кој доаѓа од приватниот сектор и има успешна професионална кариера со менаџерски способности, за Лозово актуелниот Бошко Петкоски, за Пехчево актуелниот Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиевски, за Зрновци актуелниот Борчо Коцев. Актуелни градоначаланици коишто зад себе имаат резултати и минат труд во изминатиот период, рече Мицксоки.

-На овие избори ние настапуваме со понуда од чесни, некомпромитирани и вредни кадри затоа што токму тоа ѝ недостигаше и на државата и на општините со децении, рече Мицкоски.

06.07.2025 - 14:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега