Познатиот доктор Мозли ја смисли диетата „Брзо-800“ - гарантира дека со неа ќе изгубите 10 килограми за 3 недели

Познатиот британски доктор Мајкл Мозли, инаку автор на бројни книги за исхрана, осмислил посебна диета која дава многу ефиканси резултати и тоа за веќе три недели. Тој тврди дека нема да бидете гладни, а ќе ослабете од 5 до 10 килограми.

Овој режим го нарекол Брзо-800, а стана планетарен хит, пред се благодарение на делотворноста, но и фактот дека лесно се спроведува, односно дека и намирниците се поволни.

Dijeta Majkla Mozlija zaludela je svet

Оваа диета се базира на внесување 800 калории на ден, но многу е важно какви намирници ќе внесете во организмот.

„Придржувајте се до планот и за три недели ќе видите драстична разлика. Освен калориското ограничување потребно е да се придржувате на неколку правила. Видот на намирници кои ги бирате е исклучително важен“, објаснил Мозли.

Прва работа на која треба да обрнете внимание е да внесувате течности - потребно е да пиете многу течности, затоа што само многу течности помагаат да останете сити подолго време.

Се препорачуваат и оброци со малку јаглени хидрати, а повеќе маснотии и протеини, односно влакна.

Važno je voditi računa o izboru namirnica

Добрите масти се всушност пријател на диетата, а бирајте маслиново масло, јаткасти плодови, масна риба и во умерени количини млечни производи.

За добра работа на цревата потрудете се да не ги избегнувате влакната - свеж зеленчук, житарици од цело зрно.

Докторот Мозли исто така препорачува сите 800 калории постепено да ги внесувате 8 часа дневно, поточно да се практикува методата на повремен пост.

Пример:

За појадок можете да јадете две варени јајца со печурки приготвени на скара и салата од спанаќ.

За ручек зачинет грав со леб од интегрално брашно.

За вечера може пилешко на сакара.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега